Одбележан Денот Охридското Езеро

Охридското Езеро под еднакво припаѓа на сите генерации и треба да го чуваме како најскапоцен божји дар. Со оваа порака и пуштање во шише во водите на Езерото, потпишана од градоначалниците на Охрид и Поградец, Никола Бакрачески и Едуард Капри, денеска е одбележан Денот на Охридското Езеро - 21 јуни.
Според охридскиот градоначалник, денешниот ден не треба да се сведува само на декларативни средби, туку треба да се покаже почит кон Езерото и неговото значење за регионот.
- Сакаме да упатиме јасна порака пред се до младите генерации и да ја подигаме свеста за потребата од заштита на Охридското Езеро. Но ќе упатиме и силна порака до сите субјекти кои имаат обврска да се грижат за Езерото да ги ангажираат своите ресурси, знаење и внимание кон извршување на обврските за заштита на Охридското Езеро. Обврска која треба да ја пренесуваме на идните генерации, рече Бакрачески.
И градоначалникот на Поградец вети дека ќе продолжат да се залагаат за зачувување на Езерото и неговите вредности.
- Општина Поградец ги презема сите мерки за заштита на Охридското Езеро, што не беше случај и порано. Досега не беа третирани отпадните води од албанска страна, а сега има само една општина која не го третира овој проблем, но се преземаат сите активности за и таа да ги третира отпадните води, истакна Капри.
Трите езерски општини Охрид, Струга и Поградец во 2000 година потпишаа декларација за заштита на Езерото и на 21 јуни со различни активности, најизменично секоја година го одбележуваат Денот на Охридското Езеро.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
