Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

Со музичко-сценски перформанс, насловен „Пат околу светот“, лицата со попреченост од Куманово од двата дневни центри и од училиштата, во соработка со нивните ментори од проектот за општо-корисна работа, денеска го одбележаа утрешниот, Меѓународен ден на лица до попреченост.
Партнери на овој проект, покрај општина Куманово се и Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и УНДП. Перформансот е само дел од овој проект во кој десет невработени кумановци се ангажирани за поддршка на лицата со попреченост во дневните центри и училиштата и ги едуцираат лицата со попреченост преку проектот „Моќно образовно партнерство“.
- Ангажираните добиваат работен ангажман, додека пак лицата со попреченост добиваат континуирано образование, изјави Ивана Костовска, координатор на проектот
Постојаниот координатор на Обединетите Нации и претставник на УНДП, Луиза Винтон, објасни дека УНДП и Организацијата на ОН, севкупно го помагаат процесот на инклузија на лицата со попреченост во сите аспекти од животот.
- Би сакала да им честитам посебно на градоначалникот и на општината Куманово што ги организираат овие настани. Јас сум овде по трет пат во Куманово и многу ми е драго што се организираат вакви претстави, кои што покажуваат дека децата со попреченост, не дека се попречени, туку имаат други аспекти и други моменти од својот живот преку кои што можат да ги искажат своите капацитети, изјави Лујза Винтон, претставник на УНДП.
Првата проектна идеја во рамки на проектот е насочена преку индивидуална работа со секој корисник на дневен центар, од страна на еден ментор. Целта е дневните центри за лица со интелектуална попреченост во општината да станат место каде корисниците ќе добиваат можност за „поединечно школување“ и формирање тим кој се грижи за квалитетот на понудените и развиените програми за адаптивно школување како колекција на концептуални и креативно – мотивирачки услуги. Со втората проектна идеја, која е насочена кон целната група – малолетни ученици со интелектуална попреченост во општината, проектот има за цел да се создадат услови за вистинска инклузија во редовниот образовен процес преку ангажирање на ментори во улога на педагошки асистенти на учениците со попреченост, кои ќе им помогаат на децата при совладување на предвидената образовна програма за време на часовите.
Ново на Сител
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт
-

ЕП од денеска до четврток на пленарна седница, Урсула фон дер Лајен ќе го одржи своето годишно обраќање за состојбата на ЕУ
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
