Македонија
29. јуни 2016 - 13:27

Одбележан патронатот на касарната „Чеде Филипоски -Даме" во Кичево

Со полагање цвеќе на споменикот на великаните денеска во касарната „Чеде Филипоски-Даме" во Кичево се одбележа патронатот односно денот на погинувањето на народниот херој чие име со гордост ја носи ова касарна. 

По овој повод пред присутните говореше потполковник Боро Латкоски, како и историчарот Душан Велипоски, кој зборуваше за бурниот животен пат на народниот херој Чеде Филипоски -Даме, за неговата успешна воена-политичка кариера. 

Во рамки на одбележувањето на патронатот во кичевската касарна се реализираше и тактичко технички збор за присутните гости да имаат можност да се запознаваат со вооружувањето и опремата која секојдневно се користи во единицата.