Одбележан Свети Трифун во Челопек
Митрополитот Тетовско - гостиварски господин Јосиф денеска симболично ги закрои лозниците во дворот на црквата во селото Челопек во рамките на одбележувањето на православниот празник посветен на Свети Труфун што во народот се слови како заштитник на лозјата и лозарите.
- Свети Трифун е еден од мачениците во православната црква. Потекнува од многу сиромашно семејство, а неговите родители од мали години го воспитале во христијанската вера. Бог го обдарил со светиот дух да исцелува многу болести кај луѓето. Во неговото житие стои дека ја излечил ќерката на тогашниот император Гордијан, меѓутоа следниот император Трајан го погубува маченички само поради тоа што бил христијанин и затоа што не сакал да се поклони на многуте богови од тоа време. Свети Трифун ни е пример како се чува нашата православна вера, затоа што со својата смрт го посведочил тоа рече господин Јосиф.
По закројувањето на лозјето во Челопек мештаните седнуваат на заедничка трпеза.
- Традицијата на одбележување на Свети Трифун во Челопек е наследена уште од нашите дедовци и прадедовци и традиционално се празнува во нашето село. Секоја година се јавуваат кумови на одбележувањето за здравје на своето семјество и нивните блиски и се надевам дека оваа традиција ќе продолжи и понатаму, рече овогодинешниот кум Здравко Пауноски.
Ново на Сител
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта
-
Во Ватикан започна погребот на папата Франциск
-
Во Рим средба Трамп – Зеленски
-
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор
-
Прилепчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта и со активна забрана за управување возило
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес