Одбележани 107 години од раѓањето на Никола Јонков Вапцаров

Со повеќе активности денеска беа одбележани 107 години од раѓањето на поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров.
Градоначалникот на Бутел Петре Латиновски и претставници на голем број здруженија и граѓани положија цвеќе пред споменикот на Вапцаров во паркот, пред новата општинска зграда.
Чествувањето, кое е дел од 38-та културна манифестација „Вапцарови денови“, продолжи во Музејот на македонската борба.
Мартин Цветковски, раководител на Ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“ од населбата Лисиче, Скопје информира дека одбележуваат 38 години постоење.
- Оваа манифестација ќе продолжи и на 9 декември во Домот на АРМ, со почеток во 18.30 часот, каде ќе настапат детските фолклорни групи на нашиот ансамбл под мотото „Децата за Вапцаров“. И на 10 декември во 19 часот ќе се одржи завршната свеченост со возрасните групи на Анасмблот со програма од два часа. Ќе се претставиме со ора, песни и игри од целиот репертоар, рече Цветковски. Додаде дека традиционално нивни соработници се Министерството за култура, Град Скопје и општините Бутел и Аеродром.
Проф. д-р Стефан Влахов Мицов истакна дека личности и творци како Вапцаров се мерило за зрелост, и за современиците и за следбениците.
- Вапцаров е пример како еден Македонец, надоен со македонските народни традиции и со македонска самосвест, успева да стане голем творец, рече Михов.
На животот и делото на Вапцаров се осврна Симеон Иванов - Канго, кој читаше и стихови од поетот. Настапија изворната пејачка група и изворниот оркестар на Ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“.
Ново на Сител
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
-

Сиљановска-Давкова: Одговорни сме кон јазикот како кон непроценливо богатство и моќно миротворно оружје
-

Врнежи од дожд во низините, снег на планините
-

61-годишник со 2,90 промили алкохол во крвта правел хаос во спортска обложувалница во Кисела Вода
-

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа
-

Му продал лажен златен накит за 800 евра - измамен скопјанец
-

Му ветил социјална помош и стан, го измамил за 4.200 евра
-

Три лица од Судан нападнале и ограбиле 27-годишник во Кисела Вода
