Одбележани 11 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце
Во спомен на единаесетте припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ кои загинаа во хеликоптерската несреќа пред единаесет години, денеска беше положено цвеќе на местото на несреќата кај катлановско Блаце и во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец.
Почит на загинатите припадници на спомен обележјето им оддадоа делегации од Министерството за одбрана, предводена од заменик-министерот за одбрана, Беким Максути, од ГШ на АРМ предводена од директорот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Зоран Милески, од Здружената оперативна команда, воздухопловната бригада, 1. механизирана пешадиска бригада, од општина Петровец и од членовите на семејствата на загинатите припадници, соопшти ГШ на АРМ.
Со едноминутно молчење и полагање венци со цвеќе почит на загинатите припадници им беше оддадена и од делегации од Здружената оперативна команда и вбр пред спомен обележјето и пред командата на вбр во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец.
Годишнината од хеликоптерската несреќа ќе биде одбележана и во кампот Бутмир, Сараево, во Босна и Херцеговина каде нашите мировници беа дел од мисијата „АЛТЕА“.
Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12-ти јануари 2008 година кај катлановско Блаце, враќајќи ги во Македонија потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски. д
Ново на Сител
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
-

Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
-

Преглед на вестите од светот

