Македонија
11. February 2016 - 14:54

Одбележани 60 години од мавровската трагедија

Со пригоден собир, пред споменикот на градителите во Маврови Анови, денес беа одбележани 60 години од трагедијата, кога во снежни лавини загинаа 52 -ца градители на мавровскиот хидроенергетски систем, граничари и мештани. Покрај преставници на ХЕЦ „Маврово“ присуствуваа и жители од околните населни места кои положија цвеќе.

Во говорот пред присутните, Александар Левкоски директор на ХЕЦ Маврово, потсети дека меѓу загинатите имало и градителители кои ги поставиле темелите на ЕЛЕМ, на една од најзначаните компании во земјава и дека, како што рече, нема да згасне сеќавањето на загинатите во 1956-та година, кои настрадаа во  една од најголемите трагедии предизвикани од природни непогоди

Наглото топење на големите количини снег во тој далечен февруари, особено најмногу ги погоди селата во месноста Рибница, Стрезимир и работничката населба кај месноста Торбешки мост, каде што биле сместени градителите. Во лавините биле затрупани стотина луѓе, а спасувачките екипи во десетдневна акција успеале да спасат половина од нив.