Одбележани 60 години од мавровската трагедија
Со пригоден собир, пред споменикот на градителите во Маврови Анови, денес беа одбележани 60 години од трагедијата, кога во снежни лавини загинаа 52 -ца градители на мавровскиот хидроенергетски систем, граничари и мештани. Покрај преставници на ХЕЦ „Маврово“ присуствуваа и жители од околните населни места кои положија цвеќе.
Во говорот пред присутните, Александар Левкоски директор на ХЕЦ Маврово, потсети дека меѓу загинатите имало и градителители кои ги поставиле темелите на ЕЛЕМ, на една од најзначаните компании во земјава и дека, како што рече, нема да згасне сеќавањето на загинатите во 1956-та година, кои настрадаа во една од најголемите трагедии предизвикани од природни непогоди
Наглото топење на големите количини снег во тој далечен февруари, особено најмногу ги погоди селата во месноста Рибница, Стрезимир и работничката населба кај месноста Торбешки мост, каде што биле сместени градителите. Во лавините биле затрупани стотина луѓе, а спасувачките екипи во десетдневна акција успеале да спасат половина од нив.
Ново на Сител
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани
-
Трамп: Русија треба да се размрда
-
Нова фаза за Сојузот на економисти на Македонија: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
-
Тројца од повредените во Кочани отпуштени од болниците во Пловдив и Варна
-
Таткото на Вања одби да одговара на прашањата за Палевски
-
Касами: Убеден сум дека Влен и на локалните избори ќе оди заедно и ќе го покаже тоа што го покажа на парламентарните