Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти

Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти во 1951 година - Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јармов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев, денеска беа одбележани 67 години од нивното убиство.
За животот и делото на петтемина студенти зборуваше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници. Тој ги повика МАНУ, Архивот на Република Македонија и Институтот за национална историја да пројават желба и да добијат соодветна поддршка од Владата за научно истражување на настанот со убиството на петтемина струмички студенти.
- Историскиот факт за струмичката студентска петорка и другите злодела на комунистичкиот режим треба да се истражат и целосно да се расветлат, како за македонската јавност, така и за меѓународната и пред се поради националните и државните интереси на Република Македонија, порача Никола Андонов, претседател на на Здружението на политички затвореници.
Пред споменикот на петтемина убиени струмички студнти цвеќе положија членови на нивните семејства, градоначалникот и членови на Советот на општина Струмица, политички партии и здруженија на граѓани и претставници на државни институции.
Рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица говореа поезија, а на гробиштата во Струмица беше одржана панахида за петтемина струмички студенти.
Тие се убиени на 13 август 1951 година на планината Беласица, наводно во обид нелегално да ја поминат границата и да побегнат од Македонија.
Ново на Сител
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
