Одбележани 74 години од стрелањето на Ваташките младинци

Со полагање цвеќе пред споменикот во месноста Моклиште, во Ваташа денеска беа одбележани 74 години од стрелањето на Ваташките младинци.
- Се собравме и чествуваме за еден трагичен настан што е на врвот на трагичните настани во општина Кавадарци и во Република Македонија, настан кој претставува врв на вековната борба на македонскиот народ за извојување на самостојност и независност, сето она што ние денес како современици го уживаме, рече меѓу другото кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.
Тој потсети на неколку други историски настани кои се одбележуваат во месец јуни. Затоа, додаде, "сите современици и сите оние кои доаѓаат во иднина, не смеат да заборават дека некои за ова што денес го уживаме го дале најскапоценото, а тоа е нивниот живот.
-Единствен начин на кој може да им се оддолжиме е секојдневно сите политички чинители да работиме да ги подобриме условите за работа и живот на сите сограѓани како во Кавадарци, така и низ Република Македонија, нагласи Панов.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
