Македонија
20. May 2016 - 13:34

Одбележат Денот на пожарникарите во Неготино

Во Неготинско и Демиркаписко од почетокот на годината се регистрирани 26 пожари од кои поголемиот дел на отворено.

Командирот на Против пожарната единица од Неготино Иле Илиев по повод Денот на пожарникарите порача  до граѓаните да внимаваат и да не палат оган на отворено, особено сега кога наближува летото и кога можноста за  пожари е поголема.

По повод Денот на пожарникарите во Неготино беше изведена показна вежба преку која, како што рече Илиев, се сака да се подигне нивото на противпожарната свест со цел превентивно да се влијае врз појавата пожари, а нивниот број да се намали.