Одбележуваме 37 години од раѓањето на Тоше Проески
Со достоинство, почит и пригодна програма денеска Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески, македонската и балканска музичка ѕвезда која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. На 25 јануари Тоше Проески требаше да наполни 37 години.
По тој повод, локалната самоуправа на Крушево, во соработка со спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“ и со крушевското средно училиште „Наум Наумовски Борче“ денеска во Спомен куќата „Тодор Проески“ организира музичка манифестација.
Прво, во 11 часот и 15 минути (времето кога се родил Тоше 1981 година) ќе бидат положени свежи цвеќиња на гробното место на Тоше на Гумење во Крушево. Во 11,30 часот во спомен куќата “Тодор Проески“ со музичка манифестација ќе започне одбележувањето Ќе настапат: локалниот бенд „Кици и Пеце“, потоа хорот на средното училиште „Наум Наумовски Борче“ како и оперскиот пејач, сопранот Билјана Јосифов, придружувана од клавијатуристот Сашко Николовски.
На одбележувањето на денот на раѓањето на Тоше Проески свое обраќање ќе имаат градоначалникот на Крушево Томе Христоски и Елена Мирчевска, директор на спомен куќата „Тодор Проески“.
Според Мирчевска, веќе пристигнуваат фановите од Македонија и од целиот Балкан да го одбележат роденденот на Тоше и да потврдат дека големата македонска и балканска музичка ѕвезда живее со песните и во спомените на сите од овие простори.
Спомен куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево каде се преку 350 експонати поврзани со животот и музичката кариера на Тоше, досега ја посетиле околу 600 000 гости од земјава и странство.
Ново на Сител
-

Од денеска поскапи горива
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
-

Под лупа операторите на штипските гробишта
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
