Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини
Командата за обука и доктрини денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес, со воена свеченост ќе го одбележи Денот на единицата.
На воената свеченост, како што најавува Генералштабот на Армијата, ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генерали од Армијата, команданти на единиците, посебниот советник за безбедност од кабинетот на Претседателот, Блерим Кољали, поранешни команданти на единицата, воени раководители од генералштабот и министерството за одбрана и претставници на локалната самоуправа и организациите со кои соработува единицата.
Согласно програмата, пред припадниците на командата предвидени се обраќања од страна на началникот на Генералштабот, генералот Ѓурчиновски и командантот на КОД, полковник Васко Коколански.
Притоа, ќе бидат соопштени стимулативни мерки на припадници од командата за постигнати резултати во работењето, како и на екипи кои учествуваа во спортските натпревари по повод денот на единицата. Воедно, ќе бидат доделени и признанија за ученици од основните училишта „Васил Главинов“ и „Блаже Конески“ за учество на ликовниот и конкурсот за најдобра поема на војнички теми.
Командата за операции го одбележува 15 април, како датум кога пред триесет години во редовите на Армијата отпочнаа да пристигнуваат првите регрути на отслужување на воениот рок и почетоците на изведување на обуката по што отпочна пополнување на армиските единици и целосно функционирање на Армијата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе