Одбележување на денот на Командата за обука и доктрини

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија денеска во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес ќе го одбележат денот на Командата за обука и доктрини (КОД).
Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување денови на единиците на Армијата на Република Македонија, денешниот датум е одреден како ден на КОД. На овој датум во 1992 година пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија на отслужување на воениот рок во самостојна и независна Република Македонија.
На свеченоста ќе присуствува и првиот регрут Панче Јамандиев, како и високи претставници од ГШ на АРМ, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти, пензионирани генерали, припадници на единицата.
- Денот на единицата ќе се одбележи со соодветна програма согласно правилото за воен протокол на која ќе има пригодни обраќања, доделување стимулативни мерки, а ќе биде прогласена и најдобра екипа за одржаните спортски активности кои претходеа на одбележување на денот, соопштија организаторите на свеченоста.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
