Одбележување на Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест

Македонското респираторно здружение денеска организира стручен состанок на тема „Хронична опструктивна белодробна болест – никогаш прерано, никогаш предоцна“ и промоција на преведениот најнов Европски водич за третман на зависност од тутун, кои ќе се одржат во амфитеатарот на деканатот на Медицински факултет во Скопје, по повод одбележувањето на Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).
Од Здружението информираат дека во светот 384 милиони луѓе боледуваат од ХОББ и нивниот број постојано се зголемува. Секоја година умираат по три милиони луѓе. Голем број фактори ја предизвикуваат болеста, а пред се аерозагадувањето, пушењето, професионалната експозиција…
Пушењето претставува еден од главните ризик фактори за ХОББ, но и за многу други респираторни и кардиоваскуларни состојби. Како резултат на нашите активности завршивме два големи меѓународни проекти, првиот во партнерство со Медицински факултет и Здравствениот систем на Хенри Форд во Детроит, а вториот со Европската мрежа за превенција на пушење, посочуваат од Здружението.
Ново на Сител
-

Електричен тротинет да управуваат само полнолетни лица - Владата предлага построги правила
-

Вработени на ЈУ Националан парк „Пелистер“ спасија срнче на планината Баба
-

Синдром на „златно дете“: Како родителското фаворизирање остава невидливи лузни
-

Гутереш: Адаптацијата кон климатските промени мора да биде главен приоритет на владите
-

Кибер-криминалците бараат стотици илјади евра откуп, Германија главна цел во ЕУ
-

ЦУК: Со поддршка од НАТО, започнува модернизација на системот за управување со кризи
-

Кривични против сопствениците и управителите на две фирми, незаконски се стекнале со над 50 милиони денари
-

ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
