Oдбележување на Светскиот ден за борба против карциномот
Под слоганoт „Ние можеме, јас можам” утре ќе се одбележи Светски ден за борба против карциномот и се повикува на активно вклучување на поединците, заедницата, и надлежните институции со цел превенција и намалување на последиците од појавата на карциномите.
Една од целите на кампањата за Светскиот ден за борба против карциномот во 2017 година е обезбедување универзален пристап до здравствените услуги, поврзани со карциномот. Клучна улога во борбата против карциномот претставуваат здравствените услуги за рано откривање на карциномот.
Имено, според Светската декларација за карцином, секоја држава треба да обезбеди универзален пристап за населението до скрининг методите за рана детекција на карциномите, вклучувајќи го и карциномот на ракот на грлото на матката. Со воведување на овие методи значително се намалува стапката на смртност од карциномите.
Смртноста од ракот на грлото на матката во Република Македонија во 2011 година изнесува 1,5 на 100.000 жени, а во 2014 година, 4,1 на 100.000 жени. Организираниот скрининг на рак на грло на матка има клучна улога во намалувањето на смртноста од тоа заболување.
Ново на Сител
-
30% од децата од 6 до 9 години се со прекумерна тежина
-
Тема на денот со Венко Крстевски, независен советник и кандидат за в.д. градоначалник на Кочани
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница
-
Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра