Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори

Осми август е ден кога недобронамерниците посегнаа по наше парче земја, ден кој и по 24 години буди чувства на гордост, но и на тага, рече потполковник Сашко Палески, командант на гарнизонот „Мирче Ацев“ во Прилеп при вечерашното чествување на 24-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај Карпалак.
Повеќе делегации, роднини на загинатите се поклонија пред спомен-обележјето во касарната со што почнаа чествувањата за 10-те прилепчани кои загинаа при заседата на патот Скопје - Тетово кај месноста Карпалак кога беше нападнат армискиот конвој.
-Носиме чувство на гордост за хероизмот на нашите другари: Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко, припадници на резервниот состав на единицата и емоции на жал и тага поради саможртвата на нашите херои кои како лојални и чесни граѓани ја исполнија својата света должност, се јавија на повикот, положувајќи ги своите животи на браникот на татковината, истакна потполковник Палески.
Како што рече, спомените за загинатите ќе се чуваат, со порака - никогаш да не се повтори.
-Останува обврската, наша и на идните поколенија и генерации, споменот да го чуваме, да го негуваме, да се сеќаваме и да не дозволиме никогаш да се повтори, рече потполковник Сашко Палески при вечерашното чествување за загинатите бранители.
Игор Петрески, претседател на здружението „Карпалак“ и еден од преживеаните, изјави дека Прилеп достојно им се оддолжува на загинатите, но не и целата држава.
-Ние не бараме посебни награди. Отидовме да ја браниме татковината. Бараме само малку од малку ова општество да имаше некое внимание кон починатите. Некако како да преминуваат во заборав. Загинати се многу, а малку се споменуваат. Се сеќаваат само на наше инсистирање на овој ден, изјави Петрески.
Здружението 24 години се труди и бара плочата на месноста Карпалак да опстои и да има достојно обележје.
-Постојано бараме, еве и сега не знаеме во каква состојба е. Постојано сме во некои контакти, барања, повикувања, но никако да стигнеме до достоинствено спомен-обележје на Карпалак, рече Петрески.Присутните на одбележувањето во Касарната ја посетија и спомен-собата каде се спомените за загинатите.
Честувањето за загинатите бранители продолжува пред споменикот во селото Лениште и со вечерна богослужба во манастирот „Света Петка“ во ова село.
Централното чествување за 10-те загинати бранители е на 8 август од 13 часот пред сапоменикот Карпалак во центарот на Прилеп.
Делегации ќе ги посетат вечните почивалишта на загинатите, во Прилеп и населените места, а ќе биде посетена и месноста Карпалак каде на 8 август 2001-та во заседа беа убиени прилепските воени резервисти.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
