„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика

Концертот „Одек низ времето“ претставува уникатен музички проект кој ја обединува убавината на различните стилски периоди и создава несекојдневно уметничко доживување за публиката. Преку звукот на виолончелото и пијаното, концертот нуди патување низ различни епохи, естетики и музички изрази, покажувајќи ја безвременската вредност на класичната музика.
На сцената ќе настапи виолончелистката Сара Илиевска, во пијано соработка со пијанистката Билјана Петровска, кои преку внимателно избраната програма ќе ја доближат публиката до разновидниот свет на камерната музика.
Програмата на концертот опфаќа дела од неколку значајни композитори кои оставиле силен белег во музичката историја. Публиката ќе има можност да ги слушне емоционалната длабочина и романтичната експресивност на музиката на Јоханес Брамс, модерниот и драматичен израз на Ернест Блох, специфичниот спој на класичната традиција и танго естетиката во творештвото на Астор Пјацола, како и делото на македонската композиторка Билјана Петровска, со што ќе се даде посебен простор и на современото македонско музичко творештво.
Преку оваа програма, „Одек низ времето“ ја истакнува поврзаноста меѓу минатото и современоста, откривајќи како различните музички јазици можат да се надополнуваат и да создадат единствена уметничка целина.
Концертот ќе се одржи на 2 ноември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
Влезот е слободен за сите љубители на музиката, уметноста и културните настани. Публиката е поканета да биде дел од ова музичко патување исполнето со емоција, виртуозност и безвременски мелодии.
Ново на Сител
-

ФА размислуваше да ја оспори кандидатурата за реизбор на Инфантино
-

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании по поволни услови
-

УНФПА предупредува: Светот ризикува да ја разочара следната генерација
-

Тошковски во Дубаи ја прими наградата „Excellence in Road Safety“ за „Безбеден град“
-

Јанев за грчката државна телевизија ЕРТ: Изградивме силни и тесни врски со грчката полиција
-

Потешко до работа во Германија: Од 50.000 на 25.000 Германија ја намалува квотата за работници од Македонија и регионот
-

Во Сенџен почна историската средба Шји – Трамп – Путин
-

Италија подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 13 години – до 16 години само со родителска контрола
