Одговор на Министерството за култура за нови вработувања од 1 јуни 2017
Од 1 јуни 2017 до 31 јули 2017 во Министерството за култура е вработено едно лице како посебен советник - Советник за култура, на определно време - до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет е вработен, и се ангажирани четири лица со договор на дело, соопшти Министерството одговарајќи им на пратениците кои, користејќи го правото за пристап до информации од јавен карактер, побарале податоци колку нови вработувања има во Министерството за култура.
Оттаму одговараат и дека е извршено едно спогодбено преземање административен службеник од друг државен орган, со звање Помлад соработник што, посочува Министерството, не произведува финансиски импликации врз буџетот на Република Македонија. Во тек е и постапка за уште еден посебен советник – Советник за правни работи, на определено време.
- Воедно, потенцираме дека во 2006 година, вкупниот број вработени во Министерството за култура изнесувал 46 лица, додека на 1 јуни 2017 затекната е состојба од 162 вработени на неопределено време, не сметајќи ги ангажираните на договор за дело и другите ангажирани лица со високи хонорари или други парични надоместоци. Тоа значи дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, бројот на редовно вработени лица во Министерството за култура на Република Македонија бил зголемен за повеќе од 300 проценти, односно за трипати, пишува во соопштението на Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Отворена истражна постапка против лично обезбедување на премиерот, осомничен за „оддавање службена тајна“
-
Осум кандидати за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги претставија нивните кандидатури
-
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напади на енергетските капацитети
-
Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денари за литар
-
ССМ: Борба за работнички права и достоинствени плати
-
Мицкоски: Нека е со среќа повисоки пензии
-
Србија и Унгарија потпишаа договор за одбранбена соработка, Вучиќ најави и воен сојуз
-
Тетовчанка за 7.000 евра го уценувала својот вонбрачен партнер за да не го открие на неговата сопруга