-->
-->
Одиграни две средби од француската Лига 1
-->

Во фудбалскиот шампионат на Франција синоќа беа одиграни два натпревара од 30.коло во Лига 1.
Во првиот, Мец пред своите гледачи ја победи Бастија со 1-0 благодарение на автоголот на Жил Сиони по само една минута игра во второто полувреме. Тимот на Олимпик Марсеј, кој се бори за место кое носи пласман на европската сцена следната сезона, на гостувањето кај Лил одигра без голови 0-0.
Викендов ќе се играат преостанатите осум натпревари, а дербито е во Париз каде актуелниот првак ПСЖ го пречекува Олимпик Лион во дуелот на второ и четврто пласираните екипи на табелата.
Двојките за викендов се: Нант – Ница (од 17 часот), Анже – Гингамп, Тулуз – Рен, Нанси – Лориен, Бордо – Монпеље (од 20 часот), Каен – Монако (од 15 часот), Дижон – Сент Етјен (17 часот) и Париз Сен Жермен - Олимпик Лион (21 часот)
Табела: Монако 58 бода, ПСЖ 65, Ница 63, Олимпик Лион 50 (-1 натпревар помалку), Олимпик Марсеј 46, Бордо 43, Сент Етиен 41,.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
