-->
-->
Одиграно претпоследното коло во германската Бундес лига
-->

Во фудбалското првенство на Германија, попладнево беа одиграни средбите од претпоследното 33.коло во Бундес лигата.
Исклучително ефикасна беше оваа рунда, во која најмногу голови беа постигнати на дербито меѓу второ пласираниот Лајпциг и лидерот и актуелен шампион Баерн. Гостите од Минхен со три гола во завршните шест минути забележаа победа со 5-4.
На останатите средби беа постигнати овие резултати: Баер Леверкузен – Келн 2-2, Аугсбург - Борусија Дортмунд 1-1, Волфсбург - Борусија Менхенгладбах 1-1, Дармштат – Херта 0-2, Фрајбург – Инголштат 1-1, Мајнц – Ајнтрахт 4-2, Шалке – Хамбургер 1-1 и Вердер – Хофенхајм 3-5
Баерн и Лајпциг ќе играат во Лигата на шампионите, а за последното трето место кое носи пласман во квалификациите за елитното натпреварување ќе се борат Борусија Дортмунд и Хофенхајм. Неизвесна ќе биде и битката за позициите кои носат настап во Лига Европа, додека јасно е дека Бундес лигата ќе ја напуштат Инглоштад и Дармштад.
Табела: Баерн Минхен 79 бодови, Лајпциг 66, Борусија Дортмунд 61, Хофенхајм 61, Херта 49, Фрајбург 48, Келн 46, Вердер 45,...Инглоштад 31, Дармштад 24.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп