-->
-->
Одличен настап на македонскиот мотоциклист Деан Блажевски
-->
Членот на мото клубот „Александар’’ од Скопје, Деан Блажевски оствари исклучителен успех на меѓународниот натпреварот во екстремно-ендуро „Xross Challenge 2016’’ кој се одржа изминатиот викенд на Тараи, а на кој учествуваа над 170 натпреварувачи од 10 држави.
На тешкиот терен, Блажевски со својот мотор „Yamaha XT 660 R’’, 150- километарската патека, го освои третото местово генералниотпласман од својата „Ц класа’’.
Пред него завршија само домашните натпреварувачи победникот Милош Дишковиќ и второпласираниот Никола Колев, кој беше за само 8 секунди побрз од македонски претставник.
- Во последен момент се одлучив да учествувам на трката и да ја претставувам Македонија на овој голем меѓународен натпревар. Немав многу време за подготовкии тренинзи со оглед на тоа што возев со позајмен мотоцикл. Иако ова ми беше дебитантски меѓународен настап, сепак сум презадоволен. Ова е и голем мотив и догодина повторно да настапам на оваа престижна трка, изјави Блажевски по освојувањето на бронзениот медал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север
-
Променливо облачно, со магла и повремен локален дожд
-
Вучиќ: Верувам дека во следните 40 дена ќе биде избрана новата влада фокусирана на економијата
-
Одземени пасошите на Филип Андов Сокол и другите осомничени по акцијата во Шутка
-
Дурмиши : Ја охрабрувам Комисијата за заштита на конкуренција да продолжи да врши контроли на ланци на маркети
-
Мицкоски остварил средба со Ердоган, потврдена посветеноста за зајакнување на стратешкото партнерство
-
Димитриеска Кочоска: Темата со пратеничката Петровска е завршена за мене, се фокусирам на својата работа
-
НБА: Едвардс пред суспензија поради 16 техничка грешка сезонава