Одлично за скара: Американец праша дали може да пече мачмалоу над кратер од вулканот, одговорот е спектакуларен

Големиот остров на американската сојузна држава Хаваи стана пекол на земјата поради повеќенеделните силни ерупции на вулканот Килауеа, а многу Американци сметаа дека тоа не е ништо страшно.
Многу туристи на Големиот остров веќе ја предизвикаа судбината со невнимателното однесување како што е позирање на голф терените со столбови црн чад во позадината, но поради еден корисник на Твитер се вознемирија и експертите од Геолошкиот институт на САД.

Еден отворено ги праша експертите на тој иснститут дали „е безбедно да се пече мачмалоу над пламенот од вулканот? Секако, ако имам доволно долг стап“.

„Мораме да ви кажеме - не, не е безбедно. Ве молиме не се обидувајте! Ако кратерот изфрла сумпор - диоксид или водород- слфид, мачмалоуто ќе има одвратен вкус. А ако сумпорната киселина (од вулканскиот смог, на пример) се закачи за шеќерот, ќе имате прилично спектакуларна реакција“, му одговорија од Институтот.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
