Одложено денешното судско рочиште за предметот „Адитив“

Поради отсуство на претставник на правното лице „Контракси компани“ ДООЕЛ Неготино, денеска, беше одложено судското рочиште за предметот „Адитив“ што се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Во дигиталната судница на Казнено-поправната установа „Идризово“, денеска, како претставник на „Контракси компани“ ДООЕЛ Неготино се пријави бранителот на истото правно лице, по што, судијката Лидија Петровска наложи да биде определен претставник по службена должност за следното рочиште закажано за 25 септември, нагласувајќи дека не постои можност исто лице да биде во својство на бранител и претставник.
На минатото рочиште, пак, од страна на судечкиот совет беше одбиен предлогот на обвинителството за спојување на постапките во случајот, посочувајќи дека спојувањето би довело до непотребно одолговлекување на предметот и би ги ставило обвинетите во потешка положба.
Првиот предмет опфаќа над 30 физички и правни лица, меѓу кои и поранешни директори и функционери, обвинети за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари и оддавање службена тајна.
Вториот предмет во кој е и поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, е оформен како продолжение на истрагата, со обвинителен акт против едно лице (Б.Н.) и обвинителен предлог против Димитриевска и уште двајца (Б.П.М. и М.С.) за кривично дело „оддавање службена тајна“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
