Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“

Судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се одложи.
Главната расправа закажана за денеска се одложи за 20 април по барање на бранителот на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николова, кој информирал дека истовремено имал обврска во друг притворски предмет со приоритет во Основниот суд Кочани.
Судијата информира дека телефонски стапил во контакт со бранителот и побарал да обезбеди присуство на друг адвокат за денешното рочиште, со цел да се утврди динамиката на постапката. Како замена беше дојден друг адвокат и беше утврдена динамиката за наредните рочишта.
Судот на денешното рочиште информира и дека утрово биле доставени повеќе листи на докази по што судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска апелира во иднина поднесоците да се доставуваат навремено бидејќи, како што рече, доцнењето влијае врз траењето на постапката и можноста тие да бидат разгледани од судот и доставени до Јавното обвинителство.
Во судницата денеска беше прочитан и уште еден предлог за одлагање на рочиштето за кој судот соопшти дека бил доставен во 9.10 часот.
Судијата реагира на аргументацијата на предлогот, во кој, како што цитира, било наведено „она што се обидува ЈО да го направи во оваа судница е недозволиво нудејќи две теории на случај за еден ист настан, со исти фатални последици“, при што судијката апелира на внимателен избор на речник во поднесоците и настапите на одбраната.
Друг бранител денеска предложи спојување на постапката со главното судење за „Пулс“, во кое се опфатени 35 обвинети, меѓу кои управители, градоначалници и вработени во Министерството за економија.
Случајот го застапува обвинителката Спасенка Андонова од ОЈОГОКК, а обвинети се Дејан Салтировски, Ванчо Ѓорѓиевски, Марија Маневска, Томо Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлу Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Марјан Радевски.
Предметот се однесува на 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
МИА
Ново на Сител
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги
-

Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
-

СДСМ бара Уставен да ги укине измените на Законот за внатрешни, ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да зборува за безбедноста
-

Во живо од вселената: Астронаути првпат по повеќе од 50 години ја напуштија орбитата на Земјата, се упатија кон Месечината
-

Преглед на вестите од светот
