Одложено судското рочиште за „Пуч“

Судското рочиште за случајот „Пуч“ денеска повторно е одложено на неопределено време, бидејќи двајца нови поротници немале безбедносни сертификати.
На денешното рочиште во Кривичниот суд дојдоа лидерот на СДСМ Зоран Заев кој е обвинет во овој случај и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Специјалната обвинителка Јанева побара сите да ги покажат безбедносните сертификати, и и забележа на судијката дека судењето непотребно се одложува цела година. Адвокатот Филип Медарски, пак, праша дали на денешното рочиште бил повикан и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски кој е сведок.
Рочиштето за „Пуч“ беше закажано за денеска откако беше одложено на 16 септември, бидејќи судечкиот совет не беше комплетен, односно еден од судиите поротници не можел да присуствува поради здравствени причини.
Предметот „Пуч“ во којшто е четвртообвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а потоа го презеде Специјалното јавно обвинителство, бидејќи е поврзан со незаконското прислушување.
Првообвинет е Зоран Верушевски, а обвинети се и неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер во општина Струмица. Тие се обвинети за „шпионажа“ и „насилство кон државни функционери“.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Злате Мехмедовиќ, директор на Клиника за физикална медицина и рехабилитација
-

Владата го намалува ДДВ-то кај дизелот од 18 на 10%
-

Мицкоски најавува прославите како на 8 Септември да станат пракса, опозицијата бара истрага за парите од Лотарија
-

Промената на времето донесе ризик за влошување на здравјето кај повозрасните и хронично болните
-

Оризот пред најтешка реколта, оризарите бараат итни мерки
-

Почна изградбата на подземна катна гаража и плоштад во Велес
-

Во тек 2 повици на Министерството за економија вредни 7 мил. денари за подобрување на конкурентноста на компаниите
-

СВР Струмица наоѓа трајно решение за импровизираните дрвосечачки машини
