Одлуката за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски на 18 мај
Пo еден чaс зaд зaтвoрени врaти и дaден искaз, во Врховниот суд во Атина зaврши рoчиштетo по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Одлукaтa на судот ќе биде сooпштенa нa 18 мaј, јави допосничката на МИА.
На барање на адвокатите, судницата денеска беше испразнета. Во салата останаа само Грујевски и Бошковски, адвокатскиот тим, двајцата преведувачи и полициското обезбедување, но и адвокатот од Македонија, кој е сведок во случајот.
Адвокатите исто како и на претходното рочиштена 9 март инсистираа да се расправа зад затворени врати бидејќи, според нив, станува збор за политички прогон, а Грујевски и Бошковски се обвинети за политички криминал (нешто со што тие како одбрана не се согласуваат). Сметаат дека во исказот што ќе го дадат има прашања што се доверливи, кои не се за јавност. Безбедноста на нивните клиенти беше уште еден од аргументите на адвокатите.
За Грујевски и Бошковски во Грција, како што веќе објави МИА, се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси.
Едниот процес е за фалсификуваните пасоши, со кои беа фатени на солунскиот аеродром, судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај годинава.
Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември минатата година. Сослушувањето пред комисијата за азил во Солун беше закажано за 15 февруари, но одложено, поради тоа што тие веќе се наоѓаа во Атина.
Третиот е по македонското барање за екстрадицијата, за кој Советот на судии во Солун, на 5 јануари одлучи, Никола Бошковски и Горан Грујевски да бидат екстрадирани во Македонија, а веднаш потоа нивните адвокати поднесоа жалба против одлуката на судот, за случајот да го разгледа Врховниот суд во Атина
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
