Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина
По речиси 14 месеци реконструкција, мостот на реката Вардар (Аксиос) во Грција на автопатот Атина-Солун денеска беше пуштен во употреба, со што ќе се нормализира сообраќајот кај патарината Малгара кусо пред влезот во Солун.
Станува збор за мост што е дел од автопатот во правец кон Солун од Атина и кусо пред влезот во градот, но и онаму каде што се дели патот во правец кон граничниот премин Евзони (Богородица) со нашата земја.
Во периодот од над една година додека траеше реконструкцијата на мостот возилата се пренасочуваа, а доста често, особено во летниот период, имаше редици, со оглед на тоа што овој дел од автопатот го користат и туристите кои се враќаат од областа Пиерија и летните дестинации кај Катерини, односно Неи Пори, Паралија, Платамона и сл.
Министерот за инфраструктура и транспорт на Грција Христос Димас рече дека работите во изминатата година главно се однесуваа на зајакнувањето на структурната издржливост на мостот, а „со функционирањето на мостот на Аксиос се воспоставува непречен сообраќај на возила кон Солун“.
Со пуштањето во употреба на мостот, ќе работи и патарината Малгара во правец од Атина кон Солун, а цената е 90 центи.
Ново на Сител
-
Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на противникот на Ердоган
-
Скопјанец се заканувал на сосетка, скршил ветробрански стакла на две возила и прозорци на куќа
-
Мицкоски: Јован Костадинов, херојот кој покажа што значи човечност
-
Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор
-
Уапсен 34-годишник од Албанија на „Блаце“, бил баран со потерница за трговија со дрога
-
Тешко повреден 25-годишник од Скопје, изгубил контрола и со моторот излетал од коловозот
-
Јон Фрчкоски: За грешките од минатото не се гордеам но нема да бидат товар за СДСМ, се повлекувам од позицијата во партијата
-
Дали тоа што го користи Јон Фрчкоски е кокаин, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ