Македонија
31. January 2020 - 9:45

Одронот расчистен, патот Маврови Анови-Дебар прооден во двата правци

Екипи на „Македонија Пат“ доцна синоќа го расчистија наносот од земја и камења што падна на коловозот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар и овозможија нормално одвивање на сообраќајот.

Според СВР Тетово, доцна синоќа, околу 22 часот, во близина на месноста Пилана, на еден километар од Трница дошло до одрон на поголема количина на камења и земја врз коловозот на регионалниот пат. Од тие причини, сообраќајот бил во прекин речиси еден час. Екипи на „Македонија Пат“, со градежна механизација околу полноќ успеале да го отстранат наносот и овозможиле движење на возилата во обата правци.

Од полицијата упатуваат апел до возачите за поголема внимателност додека се движат по регионалниот пат Маврови Анови-Дебар заради зачестените одорни и влажниот коловоз, особено доцна вечер и во раните утрински часови.

– Покрај појавата и на голомразица, во овој период од годината има и зачестени одрони од камења на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.Поради ова, апелираме до возачите да бидат крајно внимателни ако патуваат кон Стража, Маврово или Попова Шапка. Задолжително да поседуваат зимска опрема и да ја прилагодат брзината според условите на патот, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.