Loading Video...
Фудбал
14. October 2020 - 20:04
Офанзивно против Грузија
Вечерва дерби натпревар на Арената тоше Проески во рамките на Лигата на нациите ќе одиграат репрезентациите на Македонија и Грузија. Мечот е важен од повеќе аспекти бидејќи се игра во предвечерјето на бараж дуелот за ЕП кој ќе се одигра во Тбилиси на 12. Ноември. Македонската фудбалска репрезентација е пред нов предизвик. Со десеткуван состав да се совлада квалитетната селекција на Грузија за да се обезбеди првото место во групата. Селекторот Ангеловски во отсуство на повредените и суспендирани Бејтулаи, Адеми, Муслиу и Барди ги повика Дориев, Тотре, Мицевски и Китановски и заедно со стандардните репрезентативци на чело со капитенот Пандев ќе се обидат да го поправат впечатокот од гостувањето во Талин каде одигравме 3-3 со Естонија.
СЕлекторот на гостите Владимир Вајс исто така има проблеми со составот и најави тежок натпревар за грузиската селекција исто како на првиот меч во Тбилиси кој заврши без победник 1-1.
Средбата се игра вечерва со почеток во 20.45ч без присуство на публика. Судиската четворка е од Полска на чело со Бартош Франковски.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->