Официјална Тирана: Партиите да одговорат на волјата на граѓаните

Официјална Тирана го поздравува дадениот глас „за“ на македонските граѓани „за подршка на договорот за името со Грција на вчерашниот консултативен референдум“.
Во соопштението на Министертвото за Европа и надворешни работи стои дека Албанија го поттикнува продолжувањето, без доцнење на понатамошниот легислативен процес во Собранието на Република Македонија за да се иницираат потребните уставни измени.
Тоа, исто така, со цел целосно да се спроведе Договорот постигнат во Преспа, како единствен пат за членство на земјата во НАТО и во ЕУ.
- Време е сите политички сили во Парламентот да одговрат на волјата на граѓаните и со широк консензус да ја искористат оваа историска можност за унапредување на евроатлантскиот пат на земјата, се наведува во соопштението.
Албанските медиуми, без исклучок отстапија широк простор за референдумското изјаснување во текот на вчерашниот ден, како и денеска за резултатите од гласањето и изјавите на македонските функционери и политичари околу ова прашање.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
