Официјално отворен фестивалот „Егзит“
Фестивалот „Егзит“, кој годинава на Петроварадинската тврдина се одржува по 18-ти пат, синоќа го имаше најспектакуларното отворање досега, со огномет, каков што ретко се гледа.
Свеченото отворање започна во 23 часот со одбележување на 50-годишнината од „Летото на љубовта", како што и гласи слоганот на овогодишното издание на фестивалот.
На 50-минутниот спектакл се обрати и светски познатиот хуманист Ник Вујичиќ и активисти на Стендинг рок.
Вујичиќ порача дека и покрај сите препреки во животот, луѓето мораат да веруваат во себе. Натаму, тој говореше и дека парите и сексот не се се во животот, туку најважни се љубовта и почитта кон оние што ги сакаме.
По инспиративниот говор, посетителите имаа можност да уживаат во 10-минутниот огномет проследен со музички микс.
Половина час по полноќ почна настапот на ѕвездата на вечерта Лиам Галагер - поранешниот фронтмен на „Оејзис" и „Биди Ај", кој важи за еден од најпрепознатливите британски музички ликови. Бројните негови фанови се потсетија на легендарните хитови како „Songbird" и „I'm outta time ".
Какo предгрупа настапија момците од „Обојени програм", а потоа на сцената се појави и шкотскиот алтернативен рок бенд „Џизас енд Мери Каин".
Веќе со години МТС арената привлекува се поголем број посетители со својата исклучиво богата и квалитетна програма која секоја година е се поспектакуларна, па тоа се потврди и со синоќешниот спектакл.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја