Оглас за улични музичари и артисти за Скопје
Конгресниот центар „Александар Македонски“-Скопје објавува оглас за пријавување на соло музичари, музички групи и улични артисти кои би имале свои изведби на отворено во централното градско подрачје.
Огласот е отворен до 28 февруари, во рамки на проектот „Улични музичари и артисти 2017“, под покровителство на Град Скопје.
Клучните критериуми кои ќе бидат земени предвид за ангажирање на музичари и уметници се нивото на техничката изведба, визуелната презентација и искуството во полето на улични изведби.
- Овој проект се одржува седми пат и има за цел културно заживување на духот на градот. Музичарите и артистите ќе понудат содржина која е достојна на една метропола и ќе ја надополнат и збогатат атмосферата и амбиентот на Скопје за сограѓаните и туристите, во претстојниот период, соопшти Конгресниот центар „Александар Македонски“.
Сите заинтересирани уметници за огласот и за деталите околу начинот на пријавување може да ја посетат официјалната веб-страница на ЈУ КЦ „Александар Македонски“ – Скопје http://www.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат