Македонија
5. July 2016 - 13:35

Ограбен СП „Маркет“ во Бутел

Две непознати лица синоќа го ограбиле СП „Маркет“ во општина Бутел, лоциран на улицата „Александар Урдаревски“.  

Како што соопшти полицијата, од маркетот се одземени 60.000 денари дневен промет. Кражбата се случила околу 22 часот, а едно од лицата било вооружено со пиштол.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.