Македонија
10. August 2015 - 13:18

Ограбен стан во Капиштец

Вкупно 100.000 денари, 700 евра, 200 австралиски и 100 канадски долари, како и златен накит се украдени од стан во скопската населба Капиштец.

Како што соопшти полицијата, кражбата ја извршил засега непознат сторител во периодот меѓу 26 јули и 9 август годинава, стекнувајќи противправна имотна корист од 470.000 денари.

Станот кој се наоѓа на улицата „Народен Фронт“ е сопственост на А.И.(41).

Се преземаат мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.