Македонија
3. April 2018 - 11:17

Ограбена аптека во Козле

Вчера околу 21 часот во Единицата за информации и команда Скопје, вработена во аптека на ул. „Козле“ пријавила дека истиот ден околу 20.50 часот непознат сторител извршил разбојништво во аптеката. 

Сторителот со закана со нож ги одзел парите од дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.