Македонија
7. March 2017 - 15:06

Ограбена бензинска во Бутел, маскирани разбојници го собраа прометот

Ноќеска околу 01.20 часот во ЕИК Скопје, вработен на бензинска пумпа, лоцирана на ул. „А.Урдаревски“, населба Бутел-Скопје, пријавил дека непознат сторител извршил разбојништво над вработените.

Маскираниот сторител со закана со пиштол од вработените  одзел две чанти со дневен промет по што го напуштил местото на настанот. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.