Македонија
28. September 2017 - 13:08

Ограбена џамија во Голема Речица

На 27 септември 2017 година во времето од 20:30 до 5 часот во село Голема Речица-тетовско, од страна на непознат сторител било насилно влезено во џамија, при што била одземена метална каса во која имало околу 6.000 денари. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.