Македонија
22. January 2018 - 13:27

Ограбена џамија во Мала Речица

Вчера околу 14.00 часот непознати сторители извршиле тешка кражба во џамија во с.Мала Речица.

Сторителите влегле преку незаклучената врата и од главната просторија за молитва одзеле кутија, која била монтирана на sид, а во која се наоѓале близу 2000 денари. 

Покрај тоа, ја извадиле и ја одзеле и видео камерата, по што побегнале во непознат правец. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.