-->
-->
Ограбена и претепана старица во Прилеп
-->

Во Полициската станица во Прилеп вчера во 16 часот 66 годишна старица од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 15 часот четири непознати лица извршиле разбојништво врз неа.
Сторителите, како што денеска соопшти МВР, насилно ја извадиле заштитната метална мрежа, го скршиле стаклото од прозорецот и влегле во собата во која спиела Ц.Т. и со закана со нож и побарале пари. Бидеќи не сакала да им даде пари ја удирале со тупаници и стап по целото тело, заканувајќи и се дека ќе ја заколат. После тоа таа им дала 500 денари, а едно од лицата и го зело мобилниот телефон, а потоа преку скршениот прозорец излегле и заминале во непознат правец. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски