Македонија
14. March 2017 - 14:18

Ограбена обложувалница во Скопје - Полицијата трага по сторителите

На 13.03.2017 година во 20.41 часот во ЕИК Скопје, вработен во спортска обложувалница на ул. „Козле“ пријавил дека непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот  со закана со огнено оружје од вработените одзел пари од дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.