Македонија
22. July 2018 - 13:20

Ограбена спортска обложувалница во Битола

Вчера околу 23,00 часот било пријавено дека во Битола на улицата „Партизанска“ во спортска обложувалница, две непознати маскирани лица, со закана со пиштол од вработената одзеле сума од околу 112.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Битола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.