Ограбена уметничка галерија во Штип, уапсени четворица

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници на СВР Штип лишени се од слобода А.А.(32) и Ќ.А.(37), двајцата од Струмица и Д.А.(28) и С.Н.(26), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение дека се извршители на четири кривични дела „тешка кражба“ од Уметничката галерија „Безистен“ во Штип. Тие се сомничат дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист, кривичните дела ги извршиле во месец јануари 2022 од Уметничката галерија – Споменик на културата „Безистен“ на ул. „Тошо Арсов“ во Штип, од каде со употреба на сила противправно одзеле поголем број на предмети од Уметничката галерија. Дел од одземените предмети се пронаједни, одземени и вратени на Националната установа Завод и музеј Штип.
По комплетирање на службената документација против нив до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
-

Пратениците утре ќе работата и покрај протестот на ССМ
-

Владина делегација во Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО
