Ограбени две цркви во Полошко
Непознати сторители во изминатите десетина дена ги ограбиле црквите Света Петка во селото Стенче, Тетовско и Свети Димитрија што се наоѓа пред влезот на гостиварското село Митрови Крсти, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во црквата Света Петка во периодот од 13-ти до 18-ти овој месец сторителите со погоден тврд предмет најпрвин отстраниле фреска со димензии 50 на 50 сантиметри и низ направениот отвор влегле внатре и одзеле 200 денари во разни апоени по што незабележани од никого избегале.
- По добиената пријава полицијата изврши увид и работи на утврдување на идентитетот на сторителите и утврдување н вкупната материјална штета, рече Јосифовски.
Вчера, додаде, во СВР Тетово бил пријавен и случај на тешка кражба во црквата Свети Димитрија. Кражбата била извршена во периодот помеѓу 10-ти до 18 септември така што засега непознатите сторители насилно ја отвориле металната влезна врата, причинувајќи и сериозни ошетувања. Потоа без пребарување од фиока на дрвена маса во внатрешноста на црквата одзеле 800 денари и незабележани од никого избегале. Полицијата и тука извршила увид и трага по сторителите, додека вкупната материјална штета се проценува на 18 илјади денари.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид