Ограничено работно време на рестораните и кафулињата во повеќе делови на Грција
Во повеќе делови на Грција, меѓу кои и дел од острови што се популарни туристички дестинации, од денеска се воведува ново, ограничено работно време на угостителските објекти, кафулињата, баровите, ноќните клубови и слично, односно ќе треба да затвораат на полноќ.
Мерката денеска стапува во сила и ќе важи до 23 август, а се однесува на регионот источна Македонија и Тракија, на градовите Солун, Лариса, Волос, Катерини, на Халкидики, како и на островите Крит, Крф, Миконос, Парос, Санторини, Родос, Андипарос, Закинтос и Кос.
Алтернативната портпаролка на грчката Влада Аристотелиа Пелони, вчера, соопштувајќи ја мерката, рече дека во зависност од текот на епидемиолошките податоци, забраната може да се прошири и во други делови на земјата.
Со одлуката на Владата, сите угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови и слично во конкретните области забрането е да работат од полноќ до 7 часот наутро.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај