Свет
4. March 2018 - 11:26

Огранок на Ал Каеда презеде одговорност за нападите во Буркина Фасо

Огранокот на Ал Каеда во Мали синоќа ја презеде одговорноста за нападите во главниот град на соседна Буркина Фасо, при што загинаа најмалку 30 лица, а повеќе десетици бае повредени.

Групата Џама Нусрат ул Ислам ел Муслимин (ЈНИМ) во петокот го нападна главниот штаб на армијата на Буркина Фасо и Амбасадата на Франција во Угадугу.

Нападите се изведени како одговор на убиството на еден од лидерите на ЈНИМ, Мохамед Хакен ел Анакари во неодамнешните рации на француските сили.

Во нападите загинаа и осум усламисти, а десетина беа повредени.