Огревно дрво за социјално загрозени лица во општина Гевгелија
На вкупно 55 корисници на постојана парична помош и граѓани од социјално ранливите категории, општина Гевгелија годинава ќе им донира огревно дрво.
Од општината денеска соопштија дека на социјално загрозените лица ќе им се испорача по еден просторен метар буково огревно дрво преку подружницата на шумското стопанство „Кожуф“ од Гевгелија која веќе започна со дистрибуцијата по домаќинствата.
Во гевгелиската подружница на ШС „Кожуф“ велат дека доставата на огревното дрво се врши согласно доставениот список од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Гевгелија и најавуваат дека во најбрз можен рок дрвата ќе им бидат испорачани на сите лица корисници на постојана парична помош и лица кои се дел од социјално ранливите категории на граѓани во општина Гевгелија.
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот