Охрид: Одложено судењето за знамето на Менкиноски
Повторно одложено судењето кое требаше да започне во Основниот Суд во Охрид против адвокатот Тони Менкиноски овој пат поради тоа што судијата кој го води овој процес е на боледување.И денеска со развиорени знамиња, група граѓани од Охрид, беа пред судот да му дадат поддршка на Менкиноски и како што велат застануваат зад македонските национални и државни интереси.
Со оглед на тоа дека во судницата повторно не се појавија претставници од МВР поднесителите на актот, Менкиноски подвлече дека требаше да се донесе ослободителна пресуда.
Судското рочиште против адвокатот Тони Менкиноски кој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир кога на празникот Водици, кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално државно знаме е одложено на неодредено време.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
