Македонија
4. January 2016 - 12:06

Охрид вчера се прости од Димитар - Српските медиуми на големо пишуваат за трагедијата

Охрид вчера се прости од 26-годишниот Димитар кој беше претепан до смрт од тројца српски државјани. Српските медиуми на големо пишуваат за трагедијата која ја зави Македонија во црно и тоа за најлудата ноќ во годината.
 
Како што пишува српскиот Блиц, напаѓачот и неговите пријатели М.П и Г.П. сакале Новата година да ја дочекаат во Македонија. Главниот осомничен, 29-годишниот Б.У. на први јануари пред кафулето Табана го нападнал младото момче, откако започнале расправија и турканица уште во локалот. Откако се мислело дека ситуацијата стивнала, Србинот го пречекал момчето пред локалот, и започнал со соучесниците да го удира крвнички по главата, рацете и нозете, а ударите за жал биле фатални. Насилниците се вратиле во хотелот каде одседнале и се обиделе да го прикријат делото.
 
Димитар починал во болница. Полицијата подоцна во хотелската соба пронашла крвава облека од убијците.