Македонија
28. December 2020 - 17:22

Охриѓанец добил бонус добивка на автомат, но од обложувалницата не сакале да му ја исплатат

На 26.12.2020 околу 21.00 часот во СВР Охрид, С.Д.(53) од Охрид пријавил дека е оштетен и измамен од надлежните во автомат клуб-обложувалница во Охрид, соопштија од МВР.

Тој, според пријавеното, добил бонус добивка што требало веднаш да му биде исплатена но, од вработената му било кажано дека, по барање на претпоставените, исплатата била забранета.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.